Аргентина и Меси со победа ги отворија квалификациите за СП 2020

12

Фудбалската репрезенатација на Аргентина во четвокот во првиот натпревар од јужноамериканските квалификации за Светсткото првенство во 2022 година во Катар го победи Еквадор со 1:0, благодарејќи на погодокот на капитенот Лионел Меси.

На митскиот стадион „Бомбониера“, кој поради пандемијата на коронавирусо беше празен, победата на Аргентина ѝ ја донесе Меси кој во 13 минута реализираше пенал кој беше досуден по прекршоко над Лукас Окампос.

Во вториот дуел од јужноамериканските квалификации на стадионот „Сенарио“ во Монтевидео, селекцијата на Уругвај ја совлада репрезентацијата на Чиел со 2:1.

Уругвајците поведоа шест минута пред крајот на првото полувреме по изведениот пенал поради играње со рака во шеснаесетникот на гоститем, а го реализираше Луис Суарез. Алексис Санчез израмни за Чиле во 55 минута, а победничкиот гол за Уругвај го постигна во втората минута од судиското продолжение Гомез.

Почетокот на јужноамериканските квалификации за мундијалот беше одложуван двапати поради пандемијата на коронавирусот и мина речиси цела година тамошните репрезентации да не одиграа некој меч со натпреварувачки карактер.

Првите четири селекции на континенталните квалификации остваруваат пласман за светското првенство во 2022 година, додека петтопласираната селекција ќе игра меѓународен бараж со претставник на друга континентална федерација.

Во последниот натпревар кој беше одигран синоќа се сретнаа Парагвај и Перу. Натпреварот завриши без победник 2:2, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Уругвај следниот меч ќе го игра против Еквадор во вторник на 13-ти октомври, додека Чиле во Сантијаго истиот ден ја пречекува Колумбија.