Арсенал наскоро ќе го отпушти Артета, веќе се знае името на неговиот наследник!

2

Екипата на Арсенал ужасно ја почна новата сезона во Премиерлигата, со порази на гостувањето кај Брентфорд и дома против Челси, што беше доволно да се запали црвеното светло кај управата на клупат и сериозно да ја загрози работата на тренерот Микел Артета.

Според англиските медиуми, шпанскиот стратег се наоѓа пред отказ, а челниците на „точиите“ веќе го одбрале и неговиот заменик.

Станува збор за италијанскиот менаџер, Антонио Конте, кој во моментов е без ангажман, а кој во минатото работеше кај најголемиот градски ривал од „Стемфорд бриџ“.