Арсовски: Би било кукавички чин Мицкоски сега да даде оставка

13

Би било кукавички чин лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка, во околности кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава. Така што сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ, изјави портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање откако утрово СДСМ побара оставка од Мицкоски.

Арсовски потсети на испумпувањето пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување.

– 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ. Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија. Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија – рече Арсовски.