Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

78

Преку Еразмус + програмата доделени се 125.000 евра за проект насловен „Избери сирење“, кој е на братот на пратеникот Диме Велковски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели дека станува збор за втор прокет на братот на Велковски, по оној од над 83.000 евра за дресура на магариња.

„Доделени се 125.000 евра европски пари за проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?“, вели Арсовски.