Арсовски: Набавката на вакцините е гол пи-ар на СДСМ, последиците ги трпат граѓаните

20

Сè што прават од оваа власт е купи ден, помини. Сè што прават е крајно непрофесионално и несериозно. И сè што прават е само гола политика и гол ПР, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Утринава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски гостуваше во „Лидер Радио“ и говореше за неуспехот на владата во набавувањето на вакцини против ковид-19.

– Би ја поздравил Твитер заедницата, утрото додека возев навака прочитав еден многу интересен твит кој вика: „На Македонија ѝ се случува она што му се случува на еден просечен македонски граѓанин кога ќе отиде во институција. Собира, собира, собира документи, оди на шалтер и му викаат, а ти фали уште еден документ и уште една уплатница“. Во суштина, она што се случува во моментов со оваа Влада во однос на набавка на вакцини и сè останато во справување со пандемијата е крајно разочарувачко, е крајно загрижувачко – рече Арсовски.

– Вчера за жал дури и човек се самоуби во ГОБ „8-ми Септември“, а тоа е уште позагрижувачко. И целата сага околу самата набавка на вакцини, и околу справување со пандемија, околу несериозноста и класичното лажење на Венко Филипче и Зоран Заев, мислам дека сè повеќе влијае кај граѓаните. Ова е класично поигрување со интелигенцијата на граѓаните од страна на Заев и Филипче. Вчера имаше конкретен пример со господинот Венко Филипче кој е министер за здравство, истиот тој сосема случајно на својот профил имаше најавено дека баш 8.000 се регистрирале на сајтот vakcinacija.mk кој што патем не беше ни функционален во првите десетина часа. Сè што прават од оваа власт е купи ден, помини. Сè што прават е крајно непрофесионално и несериозно. И сè што прават е само гола политика и гол ПР. Почнувајќи од овој обичен случај каде што 8.000 вакцини како донација добиваат од соседна Србија, која што во моментов сакајќи или не, се изгради како лидер во регионот во однос на спроведување на вакцинација и справување со ковид-пандемијата – појасни Арсовски.