Артета ќе биде новиот тренер на Арсенал, ова се деталите од договорот

4

Арсенал одлучи нов тренер да биде Микел Артета, поранешниот фудбалер на „топчиите“ кој моментно му е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Официјалната промоција се очекува да биде во текот на денешниот ден, а работата ја заврши Џош Кренке, директорот на Арсенал и син на сопственикот Стен, кој за оваа цел допатува од Колорадо.
Артета веќе му ја соопштил својата одлука на Гвардиола и според медиумите во Англија, нема да му прави проблеми да својот помошник.

Микел Артета ќе потпише три и пол годишен договор со Арсенал што беше единствен услов во преговорите. Тој сака да има доволно време за да може да ги спроведе своите замисли, а платата ќе му изнесува шест милиони евра годишно.

Негови помошници ќе видат Родолфo Борел кој е дел од стручниот штаб на Манчестер сити, а пристигнува и Доменек Торент кој работеше со Гваридола во Барселона и во Баерн Минхен.

Артета вечерва ќе се прости од Сити, за последен пат ќе седи на клупата покрај Гвардила на дуелот против Оксфорд, а потоа доаѓа во Арсенал каде помина пет години како фудбалер од 2011 до 2016 година. Со Арсенал освои два ФА купа, два пати победи во Комјунити шилд, а играше уште и за Евертон, ПСЖ, Ренџерс, Реал Сосиедад, а кариерата ја започна во вториот тим на Барселона.