Артим Шаќири: Заслуживме победа и во Ерменија, но таков е фудбалот

0

Шкендија си обезбеди место во второто коло од УЕФА Конференциската лига откако ремизираше (2-2) на гостувањето против Арарат во Ерменија, а по претходната победа од 2-0 во Скопје пред една недела.

Шефот на стручниот штаб на тетовци, Артим Шаќири вели дека е задоволен од пласманот во следната рунда европски натпревари, нагласувајќи дека Шкендија можела до победа и во Ерменија.

„Најпрво сакам да им честитам на фудбалерите за сосема заслужениот пласман во следната рунда. Можевме до победа и во Ерменија, но таков е фудбалот. Имавме убава предност од 0-2 на полувремето, имавме шанси и за поубедлива предност но кога нема да ги искористиш шансите на крај домашните успеаја и да се извлечат од пораз. Во секој случај, целта е исполнета а сега по враќањето во Тетово, веднаш се насочуваме кон нашиот следен противник, тимот на Валмеира“ – вели Шаќири.