Арјанит Хоџа во новата колумна за КОХА: Албанците не треба да останат без опозиција!

110

Во својата нова колумна за весникот КОХА, генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа, меѓу другото оценува дека, по конституирањето на Собранието, политичките парити на власт треба да бидат подготвени да го жртвуваат и нивниот рејтингот во однос на унапредување на државниот рејтинг, и истакнува дека во целата оваа политичка ситуација следната Влада треба да се рефлектира преку бројките во Собрание.

“Сакам да изразам загриженост за лиферуваните информаци последниве денови од некои центри дека наводно, сите албански партии треба да станат дел од новата Влада, во име на реформите што следуват, но ова не само што е погрешна теза, дури би додавал дека е и штетна за самите Албанци во Северна Македонија.

Ова го кажувам, пишува Хоџа од фактот дека Албанците без опозиција, после сите овие години – без разлика дали е на политичка транзиција или дури и на повоениот период од 2001 година, ќе го изгубиме значењето на политичката трка на изборите, и не само тоа, туку би создало гласачко тело, кое би го изгубило идеалот и каузата. Впрочем, ќе се претвори во постојана битка само за моќ, со што би се изгубиле вредностите на политичката трка, но и значењето на политичката битката, така што гласачите ќе имаат можност да изберат барем помеѓу две-три политички опции.

Затоа, во согласност со вердиктот на гласачите, Албанците мора да имаат опозициска опција, додека јас лично можам да кажам дека ако сите албански партии сакаат да станат дел од Владата, јас би лобирал со целосна убеденост во политичкиот субјект каде што работам, Движењето БЕСА, дека и покрај фактот дека ние сме победник и дека го обезбедивме мандатот на коалицијата „МОЖЕМЕ“, да ја разгледаме можноста со нашите пратеници да излезат во опозиција и да не дозволат Албанците да останат без опозиција во Северна Македонија.

-Образложението дека учеството на секоја албанска партија во Владата треба да биде за да се обезбеди реформскиот процес, е неосновано …”, пишува меѓу другите во својата колумна, Арјанит Хоџа, која ќе биде објавена во целост во утрешниот број (петок ) на весникот КОХА.