Арјанит Хоџа во следната колумна за весникот КОХА: Партиите да ја почитуваат волјата на гласачите

182

Во неговата следна колумна за весникот КОХА, Арјанит Хоџа оценува, меѓу другото, дека сега партиите мора да излезат од изборната еуфорија и мора да ја прифатат волјата на народот изразена на изборите.

„Нормално, секоја партија има свои интереси преку преговори или учество во Владата за реализација на политичката програма, изборната понуда и ветувањата дадени за време на кампањата, и сето тоа е легитимно. Но, во политичкиот моментум во кој се наоѓаме како држава, но и како Албанци во заеднички регионален интерес, но и во орбитата на поддршка од нашите традиционални сојузници со кои споделуваме заеднички интерес, од една страна да се гарантира прозападно влијание во регион и зачувување на европските вредности, а од друга страна со поставување бариери против притисоците за влијанија од антизападните држави, сите ние мора да бидеме внимателни со политичкото дејствување на политичките партии. Затоа, албанските политички партии во Северна Македонија мора да излезат од еуфоријата на предизборната кампања, да ја почитуваат волјата на гласачите и во согласност со таа волја – да дејствуваат во државните институции, било тоа во Републичкиот парламент каде што опозицијата треба да биде главниот глас, или во Владата, каде што партиите кои ќе бидат дел од парламентарното мнозинство, да ја сносат одговорноста за својата заложба“, пишува меѓу другото во неговата колумна Аријанит Хоџа, која ќе објавена во целост во утрешниот број на весникот КОХА.