АС: Џордан во Хрватска ги троши милионите заработени од Меси

5

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан последните денови ужива на одмор на далматинскиот брег.

Легендарниот кошаркар пристигнал во Сплит во неделата, а одморот го започнал на јахтата О’Пари, чиј неделен наем чини милион евра.

Најдобриот кошаркар и спортист на сите времиња ја изнајмил таа јахта од грчка компанија. Изградена е во 2020 година, долга е 95 метри и има шест палуби.

Шесткратниот шампион во НБА пристигнал вчера во Шибеник, пренесува sibenik.in, со фотографии и видео на кои се гледа како Џордан се забавува на одмор. Снимен е на Прукљанско Езеро, каде се возел со џет ски.

Веста дека Џордан е во Хрватска го обиколи светот, па шпански AS ги објави наводните причини за неговиот одмор во Далмација.

AS тврди дека трансферот на Лео Меси во ПСЖ е „виновен“ за се. Имено, бидејќи Најк го снабдува со спортска опрема парискиот клуб од 2018 година, заедно со брендот на Џордан, ПСЖ заработил повеќе од 120 милиони евра за само неколку дена со продажбата на дресовите на Меси, а Џордан добил пет проценти од таа сума во својот џеб ( околу седум милиони евра).

Џордан, според Форбс, тежи околу 1,6 милијарди долари.