Атланта имаше шест поени предност во последната минута и веќе почна да се радува, на крајот Мајами победи (ВИДЕО)

4

Кошаркарите на Атланта веќе почнаа да слават победа, но Мајами анулираше шест негатива во последната минута а потоа во продолжението го растури противникот за победа од 135:121.

Атланта имаше 117:111 во последната минута од мечот, Треј Јанг веќе почна да ја слави победата, но со тројки на Данкан Робинсон и Џими Батлер Мајами дојде до 117:117 и натпреварот отиде во продолжение.

Во додатните пет минути Атланта играше катастрофално, постигна само четири поени и го загуби мечот со 135:121.

Дури тројца играчи на Мајами постигнаа 30+ поени. Нун беше најдобар со 36, Робинсон постигна 34, а Адебајо 30 поени. Хантер со 28 поени беше најефикасен кај Атланта.

Резултати:

Шарлот – Вашингтон 114:107
Мајами – Атланта 135:121
Филаделфија – Денвер 97:92
Портланд – Њујорк 115:87