Ахмети: Дијалогот Косово-Србија треба да има конечен епилог

19

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во интервју за новинаската агенција ”Косовапрес”, вели дека Албин Курти го чекаат тешки предизвици во владата.

„Господинот Курти го чекаат тешки предизвици во владата. Доаѓа во време кога треба да се решат многу прашања, од владеењето на правото до решавањето на последното прашање меѓу Косово и Србија”, вели меѓу другото во интервјуто Ахмети.

Тој додава дека дијалогот Косово-Србија треба да има конечен епилог, а не да се влече.

„Проблемот на Косово е проблем на регионот, исто така е проблем и на Европа. Без конечно решавање на проблемот меѓу Косово и Србија, Европа не може да биде мирна. Не може да има трајна стабилност ниту во Европа. Верувам дека оваа помош нема да недостасува од нашите пријатели и од нашите меѓународни партнери, а особено од Вашингтон и Брисел за решение и конечен епилог”, изјавил Ахмети.