Ахмети: Законот за јазиците беше испратен во Венецијанската комисија за да се смират тензиите кај Македонците

16

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека знаел дека Законот за јазиците ќе биде испратен за милсење во Венецијанската комисија. Според него, ова било направено така за да се смират тензиите кај македонските граѓани.

– Во моментите кога се преговраше, се разговараше за Законот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека би било добро Законот да се прати за мислење до Венецијанската комисија, со добра намера да се смират тензиите но и предрасудите кај нашите сограѓани – изјави Ахмети, пренесува ТВ21.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пред неколку дена за Топ Тема, изјави дека договорот бил во Венецијанската комисија да се испрати само еден параграф од членот осум.

– Договорот беше да се испрати до Венецијанската Комисија само дел од Законот, од членот осум, параграфот што се однесува на униформите, парите и хартиите од вредност – кажа Груби.