Ахмети за приштинска Т7: Насер Зибери треба да биде идниот премиер

13

Косово– Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во Северна Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери, јави дописникот на МИА од Приштина.

Гостувајќи преку видео–врска во емисијата „Пресинг“ на Т7, Ахмети порача дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне бргу“.

– Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец, рече Ахмети.

Одоговарајќи на новинарско прашање, лидерот на ДУИ рече дека се неосновани гласините оти неговите барања можат да доведат до дестабилизација на регионот и нагласи дека неговата партија ќе остане фактор на стабилноста.