Ахмети очекува решение на спорот со Бугарија до крајот на месецот

12

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.

„ Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.

Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.

„ Во моментов, францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен, затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќе доведе до избувнување на секакви искри“, додава Ахмети.