Ахмети сведочи во Монструм: Бевме исплашени да не ескалира ситуацијата и дојде до судир

11

На денешното рочиште за предметот „Монструм“ прв сведок е лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На прашањето од судијта кога и како разбрал за овој грозоморен настан, Ахмети рече дека разбрал утрешниот ден.

„Сигурно сум разговарал со многу луѓе за ова случување и сите мои разговори можат да се пуштат во јавноста. Сме разговарале бидејќи бевме вознемирени и сакавме да ја знаеме вистината за овој настан. Сите на некој начин бевме исплашени да не ескалира оваа ситуација и дојде до судир“, изјави Ахмети.

Тој потенцираше дека имал разговори со меѓународната заедница за да се помогне да се разреши овој случај, барал помош и од високи претставници од ЕУ и госпоѓа Викторија Нуланд, поранешен помошник-државната секретарка на САД за европски и за евроазиски прашања.

„Мојата грижа беше да нема влијание за да нема селективна правда. За нас и фамилиите беше најважно да се расчисти најдобро овој случај. Сме барале многу канали и побаравме ова судење да се повтори со цел овој случај да се расветли“, посочува Ахмети.

На прашањето на јавната обвинителка Фатиме Фетаи, дали конкретно се сеќава дека зборел со Сафет Незири во смисла на тоа да го информира за семејството и какви луѓе се обвинетите, тој одговори дека не само со Сафет, туку зборел и со други лица и не го негира тој разговор.