Ахмети свика седница на Централното претседателство на ДУИ

2

На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на ДУИ, стои во соопштението на партијата.

Денеска со почеток од 15.00 часот во партиското седиште во Тетово, ќе се одржи седница на Централното претседателство на ДУИ, која ја свикал претседателот на партијата Али Ахмети.

„На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на ДУИ, идните програмски определби и статутарни промени“, се наведува во соопштението од партијата.