Ахмети: Со зелената агенда се мериме со НАТО и Г7, а не со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ

4

Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама излезе со таква агенда.

Претседателот на ДУИ,Али Ахмети во емисијата „Клан дебата“ се осврна на ребрендирањето на партијата и зелената агенда, споменувајќи дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

-Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно – рече Ахмети.