Ахмети: Успешен попис, појасна слика за бројот на жители во земјава

1

„Пописот на населението даде појасна слика за бројот на жители во земјава: Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (во споредба со 20,04% во 2002 година)”, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ Ахмети во првата реакција по објавените резултати од пописот на населението упати честитка до институциите за завршената работа.

„Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме да биде завршен успешно”, рече Ахмети и нагласи дека овој попис овозможи појасна слика за бројот на жители во земјава.