Ахмети – Ќе одам да славам во Кичево

4

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Тој посочи дека во вториот круг извесна е победата на партијата во неколку општини.

„Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница и Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново“, изјави Али Ахмети.

На крајот од обраќањето до новинарите лидерот на ДУИ рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освоеното градоначалничко место со сопартијците.