Аца Лукас итно хоспитализиран поради силни болки

23

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас, пред два дена, бил итно хоспитализиран откако му се слошило во станот, пренесуваат српските медиуми.

Имено, пејачот почувствувал силни болки во стомакот, а бидејќи болката не престанала, Лукас побарал лекарска помош.

Тој веднаш бил примен во болница, лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите потребни анализи.

Сепак, лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за никаква сериозна болест, по што пејачот бил пуштен на домашно лекување. Веднаш се утврдило дека тој не е позитивен на коронавирусот.