Ајакс му се потсмеваше на Рамос, па доби брутален одговор (ФОТО)

Холандски Ајакс потсетувајќи се на една од своите најголеми победи во последната декада, не пропушти да се потсмева со Серхио Рамос.

22

На реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, Ајакс минатата сезона допатува во Мадрид со пораз од 1-2 пред своите навивачи по првиот натпревар. Но, го шокираше „Бернабеу“ победувајќи во Мадрид против Реал со 1-4. Рамос не го играше тој натпревар, туку во ложата снимаше документарец за самиот себе. Па, камерата го „фати“ во еден момент како протестира на одредени судиски одлуки.

Ајакс на таа негова поза дополни фотографија како Драган Тадиќ, херојот во триумфот во Мадрид, со идентичен гест го слави еден од погодоците на Ајакс таа вечер.

Но, само час подоцна, Рамос на истата социјална мрежа му одговори на Ајакс. Го означи холандскиот тим и потоа ја покажа својата збирка фотографии од Лигата на шампионите. Четири фотографии со ист мотив, но по четири различни финални средби во Лигата на шампионите.