Бадентер при избор на главен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција

39

Според текстот на Предлог-законот, усвоен од страна на владата, меѓу другото, новина е и воведување на Бадентерово мнозинство при изборот на јавниот обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Покрај тоа, албанскиот јазик ќе се користи во сите јавни обвинителства, а државниот главен обвинител ќе се бира со мнозинство од 61 пратеник во Собранието.

Како што веќе информираа од владината прес служба, Предлог-законот за јавното обвинителство ќе оди на усвојување во Собранието по скратена постапка.

Засега нема информација кога ќе биде закажана седница на која ќе треба да се гласа за законот.

Во Собранието денеска се одржува редовна понеделничка средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која се очекува да биде дефинирана агендата за парламентарната работа пред распуштањето кое се очекува да се случи неделава, кога и треба да бидат закажани предвремените парламентарни избори најавени за 12 април.