Баерн Минхен е најдобриот фудбалски клуб во Европа

23

Европската куќа на фудбалот УЕФА ја ажурираше ранг листата на клубови според коефициентите „заработени“ во последните пет години.

На новата ранг листа на најдобри европски клубови првото место го презема германскиот гигант Баерн Минхен, кој лидерската позиција ја доби меѓудругото и поради пласманот во големото финале од Лигата на шампионите, во кое во недела во Лисабон ќе се сретне со францускиот првак ПСЖ.

Баварскиот гигант гто презема врвот од сега второпласираниот Реал Мадрид, а по нив следуваат екипуте на Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус. Во елитната Топ десетка на најдобри клубови според УЕФА се уште и Манчестер Сити, ПСЖ, Севиља, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Од клубовите од регионот најдобар ранкинг има хрватскиот шампион Динамо Загреб на 49 место, Црвена Ѕвезда е 65, а Партизан на 67 место.