Балерината Олга Смирнова заминува од Русија откако ja осуди војната

35

Водечка примабалерина на московскиот Бољшој, која неодамна ја осуди инвазијата на Русија врз Украина, ја напушта земјата за да се придружи на Холандскиот национален балет.

Олга Смирнова (30) минатата недела се изјасни дека е против војната и дека ја поддржуваат и други руски балерини.

Холандскиот национален балет во средата за „Би-би-си њус“ потврди дека Смирнова веднаш ќе започне да настапува таму. Директорот на Холандскиот национален балет, Тед Брандсен, ја опиша како исклучителна танчерка.

Смирнова има дедо Украинец, а за себе вели дека е една четвртина Украинка.

Претходно овој месец, Смирнова напиша: „Во модерен свет, очекувам цивилизираните општества да ги решаваат политичките работи само преку мирни преговори.“

„Никогаш не мислев дека ќе се срамам од Русија, отсекогаш сум бил горда на талентираните руски луѓе, на нашите културни и спортски достигнувања. Но, сега чувствувам дека е повлечена линија што го дели претходното и потоа. Боли кога луѓето умираат, кога губат покрив над главата или се принудени да ги напуштат своите домови.“

„Кој би помислил пред неколку недели дека сето ова ќе се случи? Можеби не сме во епицентарот на воениот конфликт, но не можеме да останеме рамнодушни на оваа глобална катастрофа,“ напиша Смирнова.