Балканската мигрантска рута повторно атрактивна

22

По забележителниот пад на мигрантските текови во април поради мерките за заштита од коронавирусот, бројот на бегалци кои сакаат да стигнат до ЕУ повторно се зголеми.

Олабавувањето на мерките против ширење на пандемијата и отворањето на границите повторно ги заживеа мигрантските маршрути. Во јуни полицијата откри повеќе од 1000 мигранти кои се обидувале нелегално да влезат во земјава. И граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, бележи зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да стигнат до ЕУ, по падот во април. Само во првите девет дена од месецов МВР откри 878 илегални мигранти, од кои најголем дел откриени на јужната граница со Грција. Тоа е двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

Оттогаш во неколку полициски акции беа откриени уште неколку стотини мигранти. Додека беа затворени границите и во сила беа мерките против ковид-19, полицијата забележала пад на бројката на илегални мигранти што се обидуваа да влезат во нашата земја. Така, за март, април и мај годинава се откриени и фатени 3.047 мигранти, што е двојно помалку од истиот период лани.А