Балканскиот ѕид

10

Од Идро Сефери

Еден млад Германец го фатиле неподгтовен во тинејџерски години од страна на СТАСИ –  обезбедување на ДДР или Источна Германија. Тој ден знаеше добро што направил, напишал еден графит. Затворската порта личеше како модерните порти и однадвор не се гледаше добро што беше. „Ми донесоа комбе за сладолед“, велеше тој при една средба, чии дел бев и јас, со десетици луѓе од Југоисточна Европа, кои во тоа време имаа врска со култура на паметење која кај нас скоро е непозната. Зачувувањето на минатото на вистински начин е основа врз која може да се гради иднината без нишање.

Овој лик кој беше водич на сега музеј-затвор, во тоа време беше затворен неколку години само затоа што го напишал слоганот за слободата. Темните подруми и кофи со вода, каде им се ставеше главата за тортура. Така беше тоа што се викаше „Deutsche Demokratische Republik“ или демократска Германија. Иронија или не, што  изгледа и од името? Приказната за Берлинскиот ѕид не е само триумфална приказна на светот што сепак ја подели државата, сега меѓу најсоцијалните во светот и место каде се мери секој милиметар, грама на се што и се мери било и секој збор.

Поминаа 30 години од тој четврток, луѓето се радуваа поминувајќи еден тотален нонсенс, произведен од политиката. Се разбира, на Германија и на Германците им требаше да создадат една катарза и соочување со минатото, што тие, и покрај тоа што нацистичките судски процеси против нацистите остават да посакуваат многу повеќе од Хашкиот трибунал, но признавањето на вината и информирањето со злосторствата на Хитлер беше неопходен. Судбините и несреќите се производ на политиката насекаде – како и во Албанија од комунизмот и бескрајните тортури. А за оние кои не знаат, доволно е да се прочита писмото на скадарчанецот, Марк Шлаку, објавено неодамна во Албанија, во кое се даваат детали за чувството на човек што го исцедил најголемото човештво во тие последни неколку минути кога „другарите го одвоија за стрелање“. Така слично постапил и Николае Чаушеску, диктатор на Романија, чие отстранување исто така го одбележува 30-годишнината. Јас направив долг извештај за 20-годишнината од оваа револуција и сум го следел секој детал од Темишвар. Оваа држава не направи огромен напредок, но барем е во Европската унија. Крвавиот пад со илјадници ранети и стотици жртви го чинеше романскиот диктатор атентат заедно со неговата сопруга Елена Чаушеску.

Тоа се случи и со Слободан Милошевиќ и целиот балкански хор на мировниците и воини кои на крајот создадоа конфликти, бескрајни трагични судбини и над 100 илјади жртви. Тие кои никогаш не биле на едно пространство или место, каде се случила директна војна, немаат идеја за тие секунди, кога човекот не знае дали ќе преживее или ќе умира. Секако, сега велиме дека треба да се оди напред и не треба да гледаме назад.

На Германците им се случил Адолф Хитлер, во тоа време во немирна Европа на Западните инаети што сега, откако во главно се откажаа од колониите, бараа нов начин на владеење. Реков дека на Германците им се случил намерно  Хитлер, бидејќи на народите им се случуваат диктаторите, убијците, лажговците, фашистите и нацистите. Народите не се раѓаат со нив, но вината на народот е што штетниците не ги забележуваат и понекогаш со нивното недоразбирање им помагаме. Се разбира, дека ниту ние другите не сме исклучени. Никој од нас не се раѓа ниту левичар, ниту десничар, ниту либерал, хомофобичен, а ниту шовинист. Слободата што и дојде на Европа, создаде приказни за момчето кое живееше преку изолираниот ѕид и кое сакаше малку слобода. Меѓутоа, падот на Берлинскиот ѕид не значеше само уривање на темниот бетон, туку со себе имаше и политичка цел, крајот на поделбата и почетокот на европска демократија. Тука беше крајот на системот и крај на ерата Исток-Запад. Сега за добро се спомнуваат Франција и Германија. На  Германците им го вратија инаетот и тие истовремено капитулирале како некогаш. Но, Германија се оправи за кратко време, од времето  што помина од завршувањето на војната и секој неодамнешен вооружен судир на Балканот, како тој во Прешевската долина и тој во Македонија. Франција и Германија му се вратија на взаемната социјална реинтеграција, како две општества скоро целосно се разменети, инвестирале во проекти, признавање на експерти, курсеви за јазици и меѓусебна помош. Значи, тие го сфатија сериозно помирувањето. Германија, како главен центар на вината, се смири и тивко вложи многу енергија за нов контакт со секоја земја. Значи, на сериозните земји и нации кои се познати по нивната лудост на детали, не може да се случи двапати Хитлер. Тука и врз оваа здрава основа на реалните односи е градена и Европската унија. Оваа Европа се сменила после 2000-та година со проширувањето на Унијата и губењето на заедничката цел. Меѓутоа, овој пример секако дека е значаен и тоа го покажуваат резултатите на развојот на овие две земји, и покрај протестите и критиките.

Југославија постоеше во неколку верзии. Кралството падна како и повеќето на мали кралства од тоа време, и на сцена излегоа партизаните инспирирани од комунистите. Сите нации што ја сочинувале Југославија биле удвоени. Србите се поделија со партизани и со четничките групи, како војници на кралот или „крајлит“. Усташите, балистите, колоборационистичките влади и така натаму. Единствената регионална идеја беше комунизмот. Во федерацијата отсекогаш имало групи кои не биле за братство-единство и со децении се градел југословенскиот идентитет. Сепак, под водство на Тито, Југославија беше Швајцарија на политиката. И со Исток и со Запад. Една комунистичка авангарда каде се објавуваше и “Плејбој”. Но, во една култна иконска држава, во времето кога падна Берлинскиот  ѕид, некои држави го фатија идејата. Велат дека кога бил прашан еден чехословачки политичар како е поделена оваа држава, неговиот одговор бил „на многу не југословенски начин“. Меѓутоа, полесно го имаат државите со еден голем етникум. Во времето кога падна Берлинскиот ѕид, за граѓаните на Југославија ѕвонеше првото ѕвонче на почетокот на ерата на ужасите. Крајот го знаеме сите. Во тоа време, Албанија не беше доволно мудра, бидејќи во сон се велеше дека и беше понудена европска перспектива уште во првите години.

Историјата покажа дека криењето на минатото е проблем што сее насилство и крв. Злосторствата од Втората светска војна биле изговор или покритие за некои во војните во поранешна Југославија. Соочувањето со нив не значи обвинување на еден или два или повеќе народи, туку подразбира можност за нивно регулирање и создавање на свеста за доброто и лошото. Политиките и резултатите. Проблемот на Балканот е животна рутина и неговото отсуство создаде рутина на гето, каде половина стојат и не сакаат да бидат вклучени, другиот дел мисли дека некој е виновен. Гето! За жал, државите од поранешна Југославија ги лепеле коските на погрешни места и така ја започнале идејата за промени, а исходот на војните ги врати повторно во разговори и дискусии за да се стигне таму како пред да се случуваат фрактурите. Политиката успеа да создаде се што малкумина би помислиле и донесе до интересна мешавина што тешко се разбира. Кога се спомнуваат регионалните иницијативи како „Балканскиот мини-Шенген“, секако дека се загреваат крвта. Кога се спомнуваат решенијата, народите, имињата исто така. Тоа не е приказна на луѓе лути цело време, туку последица на дејствијата на политиката против таа сила. Значи, едноставна физика. Сета таа болка и живот без утеха ги натераа  Балканците да не им веруваат на никому. Тие знаат дека се крадат гласови, дека има корупција, дека има непотизам,дека нема услуги, дека нема лекови или динари, знаат многу добро дека се потребни врски. Но, секако голем дел од нив не му веруваат на политиката и во секоја земја има повеќе неопределени отколку што политичките партии  добијат гласови. Многу отворени конфликти,  ако го погледнеме во примерот на Албанците и Србите, тие вжештените повеќе се малцинство, затоа што сето тоа што го добиле граѓаните биле само зборови. Вината тука ја го нема ниту еден од поединечните имиња во владеењето, туку сите заедно што му помогнавме или кој бил за тоа зло. „Нашите слободи“ после војните на Балканот, немале освен самата физичка идеја, честопати некакво политичко значење, а преди се, цела како оној на Берлинскиот ѕид. Во целиот регион немаше недостаток на идеи за решавање на проблемите ниту помеѓу Косово и Србија, било меѓу земјите на регионот. Но, секако дека, недостасуваше политичка волја.

Решавањето на политичките проблеми и објаснувањето на позициите и правата, секако дека не можат да се направи без политика. Една точка каде стои регионалната соработка е дека тоа секогаш треба да се поздравува. Но, се однесува на формата и формата овозможува или не овозможува прифаќање на нешто. На пример, извинувањето и ако се прави со какви тонови, со какви објаснувања и со кои факти се прави? Ако е со негирачки тонови, дали е доволно? На пример,  и поканата за некој настан се разликува од формата ако сте поканети само Вие, со плус едно лице, со печатена, општа или персонализирана покана, адреса или е-пошта? Секако, зголемувањето на тензиите, што за иронија се совпаѓа со годишнината од Берлинскиот ѕид, е очекувано, кога станува збор за регионалната соработка. Се чини застрашувачко, бидејќи за многу луѓе се создава впечаток дека по одбивањето на Албанија и Северна Македонија, дека веќе нема надеж за ЕУ. Логично се мисли како чекална, додека не влегуваат во главната сала. Се разбира, целата идеја на Европската унија, најмалку до неодамна, беше да нема граници и бариери, туку да има интегрирација и поделба на некои заеднички сознанија за реалноста, општествено организирање, државата и како заедничко, во демократски вредности и рамноправност. Овој заостанат дел од Балканот надвор од ЕУ е дел со прашалниците и тоа е причината зошто не станале досега  дел од Унијата. Граѓаните не веруваат во политиката, бидејќи голем дел се убедени дека политичарите скоро никогаш не му служеле на државата, но некако секогаш државата на нив. Тоа беше и причината што многумина во Косово гласаа за Албин Курти. Долгото продолжување на конфликтите доведе до потребата за нов настан. После асфалтирањето на автопатите, политиката  делумно сфати дека веќе не се анимирани. Луѓето почнувале да бегаат и ништо повеќе не го намалува пазарот отколку општо чувство за бегство. Недостатокот на големи економски движења ги држи овие граѓани со под минимални плати и со социјална помош во секоја држава на ЕУ, за кои тие често работат во црно.

Тоа што ги држи заложници овие држави е недостатокот на дијалог и тука не зборувам за “watch partyt” на Фејсбук на целиот регион во 20.00 часот, туку за јавна анализа на тие кои сакаат да постигнат успех во регионалниот развој, затоа што е тешко природно без регулирање на мебелот, да се живее во една куќа. Јас сум многу убеден дека ние како регион имаме социолошки проблем и сите наши проблеми имаат ја имаат генезата кај недостатокот на целта. Сега да го испробаме.

Балканот очигледно има тешкотии во движењето. За повеќето од овие земји каде зборува политиката, најмалку барем еднаш во секоја земја, ако не и десетици, јас ја преминав границата. Сите статистики се застрашувачки , со стотици илјади часови се вистинити, но различни се прашањата и проблемите. Неколку пати ми требаше да се вратам од границата поради промена на правилата, иако сметам дека сум добро информиран. Но, повеќето од овие бариери се создадени од политиката и политиката е единствена што може да ги реши. Може да има меѓудржавни автопати, брзи железници, што  за 2-3 часа се стигнува во секој главен град, да нема потреба за дополнителни документи, визи, пречки, вадење на регистарски таблички, да се ослободи воздушниот простор и да се поставува авионската  линија  Приштина-Белград, не нема шовинизам во спорт, култура, парламент, телевизија, наслови на весниците, да не се напаѓаат малцинствата со ножеви и да има слободен пазар. Овие се нештата за кои се дискутираше со децении и за тие имаше несогласувања. Не сакам да ги набројам политичките настани и спомнувањето на војните и конфликтите во текот на викендот, туку, секако ниту политичките спогодби во Брисел. Проблемот на изразувањето на сомнежот доаѓа затоа што овдешните граѓани не се навикнати да политика го води проект до крајот. Ако политиката мисли сериозно, го објаснува дали подразбира целосна еднаквост помеѓу овие држави? Дали може ли Босна да ги укинува патните пречки за визите за Косово и Косово визите за Босна? Може да се патува каде што сакаат без никакви пречки, без разлика кој ги нарекува граници? Може да има договор за воздушниот простор Косово-Србија? Можат бидат прифатени дипломите без нострификација, но со утврдување од матичната држава? Можат да се увезуваат сите стоки во секоја земја и од секоја земја без оглед што пишува на нив? Може да се не зборувате со пежоративни имиња? Може  да се упати апел за соживот и ветување за откривање на судбината на луѓето од секој етникум? Природно е што луѓето се исплашени, затоа што се плашат, затоа што се уште се зборува за војна. Не треба да се запира никој што сака да направи историски пресврт и треба да се поддржува. Но, сите земји на регионот имамат потреба за прекинување на гетоизацијата и тоа може да се постигне само со сериозен пристап и чувство за огромниот јаз што го носи саркофагот од неодамнешното минато. Кој ќе им кажува на овие граѓани дека политичарите и можат да се симнат на земја, ќе ја имаат местото во историјата. Инаку, сега луѓето сега јадат помалку национализам, бидејќи сфатиле колку е часовникот. За политичар ги мислат некаде тамо со црни автомобили некаде на состаноци и имаат потреба за решение. Но, не сакаат да имаат секогаш нови почетоци, затоа што  се жедни да го видат исходот.

Ако ЕУ е иднината, тогаш нека биде тоа и фокусот. Ако повторното помирување е примарно, дали може тоа да се направи? Подобар живот или поголема регионална изолација? На крајот на краиштата, секој политички систем управува во име „на доброто владеење и за народот“, и диктатурите и демократијата. Тоа веќе не е доволно како аргумент. Но, тука навистина е неопходно да падне берлинскиот ѕид, односно еднаков ѕид со демократијата и сметан како крај на болката со бесмислени причини. Не е важно што доцниме 30 години ако навистина ќе падне ѕидот.

 

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)