Банкарскиот сектор повторно на врвот на табелата по профитабилност

21

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2020 година.

Од вкупно 100 компании, 64 завршиле со добивка, 33 компании завршиле со загуба, а 3 немаат објавено резултати за првото полугодие од 2020 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 951.556.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 751.808.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 705.377.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД скопје, Цементарница УСЈЕ, Алкалоид АД Скопје, Мермерен комбинат, Охридска банка, УНИ банка и Гранит АД Скопје