Баражи за Прва лига: Тиквеш против Воска, Скопје со Беласица!

0

Кавадаречки Тиквеш ќе игра против Воска Спорт, а Скопје ќе се соочи со Беласица во двата баражи со кои ќе се пополнат последните две места во Првата лига за идната сезона, одлучи денешната ждрепка.

Двата меча се играат во недела, а Тиквеш и Воска ќе се судрат во Прилеп, додека Скопје и Беласица мечот за прволигашки статус ќе го одиграат во Штип.

За идната сезона веќе се познати десет од 12-те прволигаши и тоа Шкупи, Академија Пандев, Шкендија, Македонија ЃП, Ренова, Брегалница, Струга Трим Лум, Работнички, како и Силекс и Победа, кои како првопласирани во второлигашките конкуренции сезонава обезбедија директен влез во домашната елита.