Барди нема да игра на историскиот меч во Тбилиси

20

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди нема да може да им помогне на колегите од селекцијата на историскиот бараж финален дуел против Грузија во Тбилиси за пласман на Европско првенство.

Играчот на Леванте, според информациите, нема да патува кон Грузија затоа што на вчерашниот тренинг се здобил со повреда во грбот.

За овој меч, селекторот на Македонија, Игор Ангеловски нема да може да смета ниту на дефанзивецот Кире Ристевски и напаѓачот Крсте Велкоски кои добија позитивни резултати на тестирањето за коронавирус.

Капак на проблемите е и повредата на Аријан Адеми, кој е неизвесен за утрешниот меч.

Дуелот Грузија – Македонија се игра утре со почеток во 18 часот, а победникот од овој двобој за првпат во историјата ќе обезбеди пласман на едно големо фудбалско натпреварување.