Барселона го претстави Чави, а тој запеа пред навивачите на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

14

Каталонскиот гигант Барселона конечно го претстави наследникот на Роналд Куман, а тоа е поранешниот фудбалер и легенда на екипата, Чави Ернандез, кој се враќа во тимот со цел да го врати на врвот во европскиот фудбал.

Чави се појави на „Камп Ноу“ заедно со претседателот Жоан Лапорта и кажа дека е подготвен за големиот предизвик, а притоа се заблагодари за довербата и потоа запеа со навивачите кои беа возбудени поради неговото враќање.

„Целиот мој живот сакав предизвици и ова е голем за мене, но ќе се обидам да одговорам максимално. Благодарен сум за поддршката. Се надевам дека ќе им вратам на навивачите на вистински начин. За мене е предност тоа што ги познавам Бускетс, Пике, Алба и останатите. Сепак, тие знаат дека нема да има попуст кон никого“, кажа Чави.