Барселона и Јувентус се договорија околу обештетувањето за Луис Суарез

11

Луис Суарез наскоро ќе биде нов фудбалер на Јувентус, откако Барселона се согласила на симболична сум за обештетување.

Уругваецот, кој имаше уште една година од договорот со Каталонците ќе се пресели во Торино за само три милиони евра. Во трансферот се вклучени и 13 милиони евра во бонуси, кои според италијанските медиуми, барем половина се лесно достижни.

Барселона би инкасирала уште седум милиони евра на крајот од идната сезона, ако Јувентус ја освои Серија А и Купот на Италија, а останатите бонуси зависат од индивидуалните настапи на голгетерот и успехот на клубот во Лигата на шампиони.