Батлер со скромна изјава и по историската партија по која Мајами го совлада Лејкерси и намали на 2:1 во серијата (Видео)

33

Кошаркарите на Мајами Хит се вратија во игра и успеаја да го намалат резултатот во финалната серија во НБА Лигата против Лејкерси на 2:1 откако славеа победа од 115:104.

Мајами стигна до голем подвиг затоа што и на овој натпревар играше без Горан Драгиќ и Бем Адебајо, но затоа го имаа расположениот Џими Батлер кој одигра историски натпревар.

Батлер беше апсолутен јунак на тимот од Флорида завршувајќи го натпреварот со трипл-дабл учинок од 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

Ова е само трет пат во историјата еден игра во финалето да забележи 40 поени на кои додава и трипл- дабл учинок. Пред него тоа им успеало само на Џери Вест и на Леброн Џејмс.

– Победивме. Трипл- даблот не ме интересира. Се надевам во следниот натпревар нема да постигнам ниту поен, за вие да зборувате што и да сакате, а ние на крајот да победиме. Тогаш би дошол тука пред вас и би ви го кажал истото, -изјави скромниот Батлер.

Во поразениот тим Леброн Џејмс застана на 25 поени, десет скокови и осум асистенции, додека Кузма и Морис завршија со по 19 поени. Дејвис на крајот запиша 15 поени што за него се потпросечен учинок на натпреварите.