Баша: Предвремени избори може да има откако ќе се донесат изборните реформи

15

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија(ПД), Љуљзим Баша, изјави дека договорот со владејачките социјалисти на Еди Рама, за изборната реформа, ќе произведе и предвремени избори.

-Ние стоиме на нашиот предлог за преодна влада за надминување на оваа криза.Тоа е став од кој не се повлекуваме. Напишано е во документот што беше претставен во понеделникот, а тоа е 100 дена пред изборите земјата да има преодна влада , вели Баша.

Ненадејното враќање на опозицијата на дијалогот со владејачкото мнозинство околу изборните реформи за Баша не е изненадување.

-Го направивме овој важен чекор за кој се залагавме со цел да им дадеме право на Албанците да гласаат без закани. Зарем да го оставевме Еди Рама тоа да го направи со олигарсите и криминалците или со лажниот парламент. Нема сомнение дека ние сме гаранција дека овој процес ќе се одвива онака како што треба, изјави Баша за АБЦ,њуз.ал

Според него приказната од мај 2017 година(договорот постигнат меѓу Рама и Баша пред парламентарните избори) нема да се повтори бидејќи овојпат меѓународните претставници се посвесни како никогаш за законот за декриминализација.

-Тоа е дел од дијалогот што ПД го има со меѓународниот фактор и сите нивни претставници во Тирана, што го прави уште поважно во ова време на случувања , особено изборната реформа и напорите на ПД и обединетата опозиција да испорача решавање на оваа политичка криза преку слободни и фер избори , рече Баша.

На прашањето дали доколку победи опозцијата на изборите, Баша ќе биде премиер, а што доколку изгуби,тој со дипломатски одговор.

-Мислам дека Албанците не се преокупирани со прашањато во врска со судбината на една личност, кој и да е тој, па и опозицискиот лидер, рече Баша.

Запрашан за односите со странските амбасадори, Баша рече дека ПД и тој соработувале со меѓународните претставници во корист на Албанците, како што е тоа за укинувањето на визите и влезот на земјата во НАТО.

-Албанија не е казнета поради активностите на ПД и опозицијата. Нашите обвинувања беа последица на денешната владејачка алијанса со криминалот. Албанија ја казнија уништените политички правила. Седум години се соочуваме со анти-политичко однесување,обвини Баша.

Додава дека опозицијата ги постигнала политичките цели, бидејќи меѓународните претстваници оцениле дека Албанија е во криза и таа се надминува само со спроведување слободни избори.