Бајден веќе нема корона, излезе од изолација

7

Американскиот претседател Џо Бајден излегува од изолација откако тестовите за Ковид двапати покажале негативен резултат, објави Белата куќа.

„Симптомите на Ковид што ги чувствуваше речиси целосно исчезнаа“, рече неговиот лекар. Бајден минатиот четврток беше позитивен на Ковид и беше речено дека има многу благи симптоми.

Тој е во изолација од четвртокот, а исто така му е препишан и петдневен третман со Paxlovid, лек за лекување на коронавирусот.

Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека тестот за ковид на 79-годишниот претседател бил негативен вчера вечер и повторно утрово.

„Претседателот имаше благи симптоми на болеста, неговата состојба постепено се подобруваше, а симптомите на крајот речиси целосно исчезнаа“, рече О’Конор.

Белата куќа соопшти дека претседателот ги прекинува строгите мерки за изолација, но ќе продолжи да ја носи маската уште десет дена во друштво на други луѓе.