Бајден во вторник ќе ја објави идната влада, Ентони Блинкен ќе биде државен секретар за надворешна политика

12

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден се очекува во вторник да ги објави имињата на оние што ќе ги извршуваат најважните државни функции по 20 јануари, кога тој и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД.

Американските медиуми веќе почнаа да објавуваат имиња на потенцијалните секретари, а како најсигурен го најавуваат дипломатот Ентони Блинкен, кој ќе биде државен секретар во администрацијата на Бајден, објавија повеќе американски медиуми.

Блинкен (58) му е еден од главните советници за надворешна политика на Бајден и беше втор по ранг во Стејт департментот за време на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател.

Според „Њујорк тајмс“ и агенцијата Блумберг, новоизбраниот претседател планира да ја објави номинацијата за Блинкен во вторник.

Блинкен, кого медиуми го опишуваат како голем поддржувач на мултилатерализмот, ќе го наследи Мајк Помпео, државниот секретар на сегашниот претседател Доналд Трамп, кој заговара политика на максимален притисок врз Иран и на непопуштање кон Кина.

Според агенцијата АФП, Бајден во вторник ќе ги објави имињата и на идните раководители во