Бајден за Трамп: Се надевам дека ќе дојде на инаугурација- Одлуката е негова, но важно е за државата и тој да учествува

19

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека се надева дека Трамп ќе присуствувана неговата инаугурација на 20 јанурари со што би покажал пример на останатите нации во светот, каква е демократијата во САД, но би покажл и мирно прдавање на власта.

Администрацијата на Трамп изрази скептицизам во врска со идејата сегашниот претседател на Соединетите држави да биде на инаугурацијата на 20 јануари, а Трамп продолжи да зборува дека „победил“, патем, велејќи дека имало кражба на избори, пренесе АП.

“Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими предводени од мали диктатори”, рече Бајден.