Бајден предупреди: Постои јасна можност Русија да ја нападне Украина на крајот на следниот месец

13

Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека постои „јасна можност“ Русија да ја нападне Украина следниот месец, соопшти Белата куќа.

Русија, пак, вели дека гледа „мала основа за оптимизам“ во решавањето на кризата откако САД ги отфрлија главните барања на Русија.

Акумулацијата на десетици илјади руски војници на границите на Украина во последните недели ги поттикна стравувањата од инвазија. Русија негира дека планира напад.

Американскиот претседател го изјави ова во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот, јавува Би-би-си.

„Претседателот Бајден рече дека постои јасна можност Русите да ја нападнат Украина во февруари“ – изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.