Бајден прогласи катастрофа по ударот на ураганот Ида во Луизијана (ВИДЕО)

6

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи катастрофа во државата Луизијана и нареди на областите погодени од ураганот Ида да им се пружу сојузна помош, соопшти Белата куќа.

„Помошта вклучува средства за привремено сместување и обнова на домовите, заеми со ниски камати за покривање на загубите на неосигурен имот, како и други програми за помош за поединците и сопствениците на претпријатија да се опорават од катастрофата“, се наведува во соопштението.

Ураганот Ида, кој вчера стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветришта од околу 240 км/ч, врнежи и високи бранови кои потопија голем дел од брегот, во меѓувреме ослабе на категорија 1 по Сафир-Симпсоновата скала.

Ида за само три дена, откако се појави во Карипското Море како тропска бура, зајакна до ураган од категорија 4, јави американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

За неколку часа ураганот стигна до Њу Орлеанс како бура од категорија 3, со нешто послаби ветришта, но со бранови над 1,8 метри во некои делови на брегот.