БАЈДЕН СО ПОВИК ДО АМЕРИКАНЦИТЕ: Напуштете ја Украина сега, нема да праќам војска по вас

8

Бајден рече дека ако рускиот претседател Владимир Путин е „доволно несовесен да влезе (во Украина), тој е доволно паметен да не прави ништо што негативно ќе влијае на американските граѓани.

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот рече дека американските граѓани треба да ја напуштат Украина сега, но тој исто така рече дека нема да испрати војници за да ги спасат Американците кои бегаат од земјата во случај Русија да ја нападне.

„Овде немаме работа со терористичка организација, но таа е една од најголемите армии во светот. Тоа е сосема поинаква ситуација и работите може брзо да полудат“, рече Бајден во интервју за NBC News.

Запрашан кое сценарио би можело да го поттикне да испрати војска да ги евакуира Американците кои бегаат од Украина, тој рече дека такво сценарио не постои.

„Кога Американците и Русите ќе почнат да пукаат еден во друг, тоа е светска војна. Ние сме во многу поинаков свет од тоа што некогаш сме биле“, објасни тој.

Бајден изјави дека ако рускиот претседател Владимир Путин е „доволно несовесен да влезе (во Украина), тој е доволно паметен да не прави ништо што негативно ќе влијае на американските граѓани.

Тој одговори потврдно на прашањето дали некогаш му го рекол тоа на Путин. Запрашан за појаснување дали му рекол на Путин дека „Американците ќе бидат граница што не можат да ја поминат“, Бајден рече дека не мора да му каже.

„Разговарав за тоа. Тој го знае тоа“, рече американскиот претседател.

Исто така во четвртокот, Соединетите Држави ги повикаа Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради зголемените закани за руска воена акција против Украина, објави Ројтерс.

„Не патувајте во Украина поради зголемената закана од руска воена акција и Ковид-19. Оние во Украина треба да заминат сега, комерцијално или приватно“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Русија негира дека планира напад врз Украина, но собрала десетици илјади војници на границата со Украина.