БГНЕС за предлогот на Силва: Македонија добива право на вето како да е земја членка

12

Предлозите на португалското претседателство за усвојување на рамката за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ се апсолутно неприфатливи за бугарската страна, бидејќи тие во суштина го враќаат разговорот скоро една година наназад и се во спротивност со основата на бугарската позиција што се рефлектира во одлуките на сите бугарски власти од сите бугарски политички партии, оценува БГНЕС прес посетатата на двајцата еврофункционери, Оливер Вархеи и Аугусто Сантош Силва на Бугарија денес.

Според медиумот, кој е на браникот на интересите на развластената влада на Бојко Борисов, предлозите во пракса подразбираат укинување на какви било гаранции за спроведување на можни договори, што е голем проблем во односите меѓу РС Македонија со Бугарија и ЕУ како целина.

-Тие веројатно нема да ја импресионираат бугарската страна, со оглед на невидената недоверба што се создаде во Софија во врска со вистинските намери на скопските политички елити, особено во светло на изјавите на најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, дека ќе го осуди билатералниот договор со Бугарија штом дојде на власт, пишува БГНЕС.

БГНЕС тврди дека го има документот за кој треба да се дискутира и тој практично ги „префрла“ бугарските предлози во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), што е, сепак, процес каде не се носат оперативни одлуки.

За разлика од пристапните преговори, оценува медиумот, во рамките на ПСА на Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку Македонија повторно не ги исполни своите обврски.

-Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чија имплементација мора да се следи во рамките на ПСА, но тоа е апсолутно козметички и неоперативно. Во текот на последните четири години, PCM постојано креираше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведуваше, тврди БГНЕС.

-Во исто време, треба да се забележи дека можноста за надгледување на спроведувањето на овој патоказ од страна на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) е во суштина необврзувачка можност да се разговара за ова прашање без инструменти на влијание. Тука треба да се нагласи дека самата РСМ учествува во ССА. Предлогот на португалското претседателство со Советот предвидува паралелни еднострани декларации од Бугарија и РСМ. Сепак, ова е целосно апсурдно бидејќи двете земји имаат билатерална ратификација и депониран Договор за соседство на ОН, потпишан на 2 август 2017 година. Откако посведочивме како властите во Скопје цели целосно и доследно не го спроведуваа овој договор веќе три години, кој ќе верува дека нов декларативен и правно необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација?- коментира БГНЕС.

Понатаму БНЕС известува дека документот од Португалија нуди на РСМ „да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, но ова одамна е признаено од властите на РСМ.

-Спорот тука е за потеклото на овој „јазик“, а не за датумот на неговото кодифицирање и оваа клучна точка е изоставена во предлогот на Претседателството. Тој предвидува двете земји да дадат еднострани декларации за краткото и долгото име на РСМ. Тука мора да нагласиме дека трета година по ред, РСМ одбива да го стори тоа со вербална белешка до ОН и има за цел да ја ограничи својата изјава на ЕУ. Предлогот да се „потврди“ значењето на чл. 11 од Договорот преку еднострани декларации на кој било начин не ја обврзува РСМ да ја прекине својата политика за воспоставување во Бугарија т.н. „македонско малцинство“ и негово промовирање на меѓународно ниво.

Со декларацијата на Советот, потврдувајќи ги едностраните декларации на Бугарија и на РСМ, во пракса Советот става на исто ниво земја-членка (Бугарија) и земја кандидат (РСМ). Фактот дека во предлогот се споменуваат и „црвените линии на РСМ“ може да се смета како апсолутен преседан. Никогаш порано во преговорите за членство земјите кандидати немале и не можат да имаат право на вето на рамката за преговори. Вклучувањето на „странски експерти“ во заедничката историска комисија е исто така необјасниво откако беше јавно одбиено од нашите претставници пред две години!

Од документот што се предлага станува јасно дека тој ги повторува предлозите што веќе ги отфрли Бугарија од страна на германското претседателство на крајот на минатата година. Не постои сомнеж дека бугарските власти ќе бидат доста претпазливи во однос на предлозите на португалското претседателство, коментира БГНЕС.