БЕГ КУПУВА МАЗУТ Од денеска ЕСМ управува со парното во Скопје

8

„Балкан енерџи груп“ која обезбедува топлинска енергија за Скопје купува мазаут. Преку рамковна спогодба потпишана вчера со компанијата РКМ договорена е набавка на мазут вредна околу 40 милиони евра.

Според договорот, РКМ ќе треба да обезбеди 52,1 милиони килограми мазут, но БЕГ нема да ја реализира набавката на мазут доколку обезбеди доволни количини на природен гас за работа на топланите.

Испораката треба да биде најинтензивна во периодот од 24 до 28 јануари, кога РКМ треба да биде во можност да испорачува по 100 мегатони мазут дневно.

БЕГ има законска обврска да чува резерви од мазут во случај да има проблеми со набавка на гас, а со цел редовно снабдување со топлинска енергија.

На почетокот на месецов БЕГ потпиша рамковна спогодба со ТЕ-ТО за набавка на 38 милиони кубни метри гас во вредност од 70 милиони евра.

Вчера Владата го одобри договорот за соработка на ЕСМ и БЕГ со кој ЕСМ го презема управувањето на компанијата за снабдување со топлинска енергија, што значи дека од денеска ЕСМ управува со парното во Скопје.

Овој договор за соработка е резултат на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија проглрасена за да се надмине кризата со обезбедување гас за потребите на БЕГ.