Бежоска: Состојбата со цените не е алармантна, но ќе има нагорна корекција на проекцијата за инфлација

5

Народната банка ќе ја ревидира проекцијата за стапката на инфлација за годинава – потврди гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за порталот Фактор. Бежоска потенцира дека не станува збор за раст на цени кој е алармантен.

„На почетокот на ноември кога се очекува да ги финализираме макроекономските проекции ќе излеземе со нова проценка за инфлацијата за оваа година, но извесно е дека таа бројка ќе биде умерено повисока од 2,2 проценти“- изјави Бежоска.

Првичната проекција на централната банка беше дека инфлацијата годинава ќе биде 1,5 проценти, по што следуваше корекција нагоре на 2,2 проценти.