Беким Сали: Уште не е готов извештајот за Денис Тот од судска медицина

11

Извештајот од Институтот за судска медицина од кој ќе бидат познати причините и начинот на кој настанала смртта на ракометарот Денис Тот не е готов и го чекаме, но не би сакале да правиме притисок врз институцијата, коментираше денеска министерот за здравство Беким Сали.

Обдукцијата на ракометарот заврши пред речиси две недели, исто како и стручниот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на КАРИЛ, меѓутоа јавноста уште нема информации што тие содржат. Министерот Сали само кратко рече дека немало пропусти во начинот на кој ракометарот бил третиран на КАРИЛ.

За смртта на ракометарот Денис Тот, осомничени се три лица за кривичното дело убиство. Тие го нападнале пред клубот Привилиџ во Градскиот Парк и го претепале, по што тој им подлегна на повредите.