Бектеши вели дека производите малку ќе поевтинат

21

Граѓаните да не очекуваат намалување на цените да биде 40 или 50 отсто туку од 7 до 12 посто вели министерот за економија Крешник Бектеши. Потенцира дека не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се во групата на производи кои треба да поевтинат.

„Намалување на основните прехранбени производи наведени во одлуката на владата на РСМ, се наведени таму сите производи. Тие вече почнале да ги намалуваат цените. Затоа ве молам кога кажуваме 7 до 10 посто да не очекувате 40-50 посто намалување, тоа не е возможно да се случи моментално. Ние сме кажувале во континуитет дека тоа намалување ќе биде од 7 до 12 посто. Проверете ги цените колку биле претходно проверете ги новите достави што се даваат од домашните производители кон супермаркетите низ државата и ќе видите дека трендот се случува. Дополнително ќе се случи и од други производители откако ќе им завршат залихите.“ – вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Граѓаните велат не можат да го почувствуваат намалувањето поради тоа што е незначително но и поради високата инфлаација и ниските плати.

Според ДПИ констатирано е дека има благ тренд на намалување претежно во градови од внатрешноста на државата , на лебот за 3 до 5 денари по парче, на млеко за 2 до 9 денари во различни маркети и од различни производители, на сувомеснати производи од еден домашен производител од 7 до 8 %, на кашкавал и сирење исто во толкав процент, на масло за јадење кој е во постојан тренд на опаѓање сега за 4 денари.

Во Скопје има сосем мало забележано намалување на млеко за 2 денари и пуштен нов тип на леб по 32 денари додека не е забележано намалување на цените на големите производители на леб.