Бектеши: Владата сака да ги зголеми ингеренциите на пазарните инспектори за да затвораат локали

20

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешниот брифинг со медиумите одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека очекува Владата да ги зголеми ингеренциите на Државниот пазарен инспекторат со кои што ќе може веднаш да ги затвора локалите кои не се придржуваат до здравствените протоколи.

– Тоа го предложив до Владата и кога имавме вонредна состојба. За да се зголемат ингеренциите на пазарната инспекција се разговара во Владата и се очекува да се донесе ваква одлука Во вакви ситуации сите институции, а посебно надзорните, треба да одлучуваат навремено, затоа што се работи за здравјето на граѓаните, рече Бектеши.

Министерот реагираше на ваков начин откако пазарните инспектори се пожалија во јавноста дека може да поднесат само пријави за кафулињата кои прават журки, но не и да ги затворат. Против овие неконтролирани забави реагираа и докторите, но исто така возвратија и од заедницата на угостителите со свое мислење.