Бела Хадид е во тајна врска со внукот на Џек Николсон

47

Американските таблоиди последните денови објавуваат дека манекенката Бела Хадид е во тајна врска со внукот на холивудската легенда Џек Николсон.

Бела тајно се гледа со Дјук Николсон (21), но нејзиниот портпарол вели дека тие не се во врска.

– Бела и Дјук не излегуваат. Тие се запознаа преку заеднички пријател, но оттогаш не биле во контакт – кратко објаснил портпаролот.

Извор за порталот „Пејџ сикс“ тврди дека парот се дружи од минатиот месец, кога Николсон ја сретнал Хадид на пат за Њујорк. Бела и Дјук заедно го прославиле 24-от роденден на манекенката, пред таа да замине на патување за да прослави со пријателите.

Бела објави низа фотографии и видеа од прославата со нив на Инстаграм.

Дјук е, исто така, актер, се појави минатата година во прославениот хорор филм на Џордан Пиле, „Us“. Тој исто така глуми во претстојниот филм „Земја на соништата“ на Николас Јарецки, заедно со Гери Олдман, Арми Хамер и Еванџелин Лили.

Мајката на Дјук е дизајнерката Џенифер Николсон, а неговиот татко е поранешниот професионален сурфер Марк Норфлит.