Белград: 11 камиони полни со оружје одат кон Косово 

706

Државните органи на Србија добиле информација дека кон Косово тргнале 11 камиони полни со оружје, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознава српски Курир, камионите носат најсовремено оружје – минофрлачи и проектили од Турција во вредност од 27,5 милиони евра. Се наведува дека оружјето го нарачало косовското министерство за одбрана.

Припадници на српската војска утринава на административниот премин Мердаре на Кфор му го предадоа барањето на владата на Србија за враќање припадници на српските безбедносни сили во рамки на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Косово.

Српската влада ја донесе одлуката за барањето синоќа. Барањето е испратено најпрво електронски, а денес им било предадено лично на претставници на Кфор.