Белоруски специјалци пукаа кон станари на зградата зашто викале (ВИДЕО)

56

Белоруската полиција вчера првпат отвори оган врз граѓани што од своите прозорци им викаа на демонстрантите кажувајќи им каде да избегаат и да се скријат од специјалните сили што ги бркаа.

Специјалците ОМОН во целосна борбена опрема, при потерата по демонстранти во една белоруска населба, отворија оган од пушки и пиштоли кон граѓани што од прозорците им извикуваа на луѓето да се засолнат и каде да бегаат.

Некои, малку похрабри, го снимија моментот кога полицијата пука кон прозорците на зградата каде што избеганите демонстранти најдоа спас.

Илјадници луѓе демонстрираа во текот на три ноќи во главниот град Минск и неколку други градови, оспорувајќи ги резултатите од изборите.