Бензинот поевтинува, дизелот поскапува

1

Од вечерва по полноќ бензинот од 95 и 98 октани ќе поевтини за 1,5 денари по литар, додека цената на дизел горивото ќе се зголеми за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,407 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,852 ден/кг.

Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,852 (денари/килограм)

Регулаторната комисија образложи дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,081%, кај дизелот зголемувањето за 0,276%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,506% и кај мазутот зголемувањето е за 0,672%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,493 %